Што?Кој?Кога?Како?Каде?


Име на играта:

Што?Кој?Кога?Како?Каде?

Автор/и на играта:

Андријана Јорданова

Цели на играта:

– Учениците ќе научат да издвојуваат информации(според  дадени барања) прикажани во различни медиуми (телевизија, интернет, списание и сл.).

Возраст:

8-10години

Потребен материјал:

-За играта за потребни две коцки:едната со броеви од 1-6, а другата со пет прашални зборови: Што?Кој?Каде?Кога?Како?

(Напомена:бидејќи коцката е со шест страни, на шестата страна ќе нема прашален збор,туку збор Одбери! Ученикот сам одбира еден од петте прашални зборови со кој ќе започне прашањето.)

Картички со информации објавени како вест на огласна табла,билборд,постер или објава на интернет страница

(На едната страна го има обележано бројот на картичката 1-6, а од другата страна е веста или објавата.)

 

 

 

Како се игра:

Еден ученик ја фрла коцката со броеви. Доколку му се падне бројот 3, наставникот(или самиот ученик) ја чита веста на картичката со број 3. Другите ученици внимателно слушаат за да ги запомнат информациите кои се пренесуваат како вест или објава. Потоа ученикот ја фрла другата коцка со прашални зборови.Наставникот  поставува прашање кое започнува со тој прашален збор. Пример:Кога ќе се одржи Априлијадата?Ученикот одговара на прашањето. Потоа друг ученик ги фрла коцките итн.

Напомена:Доколку се совпаднат истата картичка  и истот прашален збор како и  претходно, повторно ученикот ги  фрла коцките, за да се добие различна комбинација.

Визуелни поддршки:

Пример:


Забелешки:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *