Име на играта: Поучни и проблематични информации
Автор/и на играта: Зага Колодезни
Цели на играта: Прави разлика помеѓу проблематични и поучни информации во медиумските содржини
Потребен материјал: хамер, фломастери/маркери, Наставен лист, прибор за пишување
Како се игра:
1. Учениците добиваат слики на кои има содржини кои се поучни и добри и слики на кои има насилство и претставуваат проблематична ситуација. Секој ученик извлекува една слика и ја објанува нејзината содржина, дава свој личен пример кој го доживеал или видел, а потоа сликата ја поставува во колоната на поучни или пробематични информации.
2. Секој ученик добива наставен лист со слики или краток текст и работи самостојно со сечење и лепење на сликите и текстот во таблета со проблематични и поучни информации.
3. Учениците добиваат наставен лист со слики на кои има проблематични и поучни информации. Со сина боичка ги заокружат сликите кои претставуваат поучни информации, а со црвена боичка ги заокружуваат сликите на кои има проблематични информации.
Визуелни поддршки: Во продолжение е наставниот лист спремен за принтање.
Пример:/
Забелешки: Активностите се едноставни и лесни и може да се употребат како воведна, како завршна активност или како домашна задача.
Дадени се неколку варјанти од активноста и истите може да се употребат во еден час како групна активност, како работа во пар или индивидуална работа.
Поучни и проблематични информации
Задача за учениците: Одреди го видот на информација и постави го во табелата.
Поучна информација | Проблематична информација |
|
Поучни и приоблематични информации
Задача за учениците: Со помош на сина боичка заокружи ги сликите со поучна информација, а со црвена боичка сликите со проблематична информција.