НЕТИКА


Име на играта: НЕТИКА

Автор/и на играта: Славица Трајковска

Цели на играта: Да се запознаат со правилата за добро однесување во комуникација преку Интернет; Да бидат одговорни креатори на содржини; Да можат да ја проценат перспективата на другиот.

Потребен материјал: хамер, картички со напишани правила, слики од деца кои комуницираат преку интернет врска.

Како се игра:

1.На хамерот го прицврстуваме насловот кој е напишан на картичка: НЕТИКА (Општи правила за добро однесување во комуникација на Интернет); Со помош на буцкалки се прицврстуваат сликите од децата што комуницираат преку интернет врска; Потоа учениците бираат правило од картичките кое сметаат дека е од важност при комуникација преку интернет врска; Правилото се чита на глас; Потоа правилото се поставува помеѓу сликите;

2.Децата со попреченост се вклучени во игровната активност без проблем затоа што сликите кои се лесно визуелно препознатливи за нив и картичките со правила кои се веќе испечатени се прикачуваат на хамерот.

Визуелни поддршки: слики

Пример: Во продолжение пример од игровната активност во акција.

Забелешки: Активноста е едноставна и лесна и прилагодена за сите ученици.

НЕТИКА       

Општи правила за добро однесување во комуникација на Интернет

Секогаш претстави се.

Биди љубезен.

Почитувај туѓи мислења.

Почитувај туѓа приватност.

Никогаш не пишувај само со големи букви, тоа значи дека викаш.

Кога одговараш на прашање, реченицата започни ја со име на лицето на кое му одговараш, особено ако во разговор учествуваат повеќе лица.

Не користи двосмислени зборови и изјави.

Не користи сарказам, други не можат да го видат изразот на твоето лице и пораката можат погрешно да ја разберат.

Во пораките додај соодветен смајли за појасно да изразиш што чувствуваш.

На крајот од разговорот уредно одјави се.

Треба да знаеш дека она што ќе го напишеш останува трајно забележено и да тоа можат да го прочитаат и други лица освен оние на кои пораката им е наменета.

Кога користиш кратенки провери дали тие точно се напишани.

Кратенките треба да бидат општо познати како друго лице би можело правилно да ги разбере.

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *