Емоџико


Име на играта: Емоџико JKL

Автор/и на играта:Одделенски наставници:Цветанка Велинова и Маја Костова

од ООУ„Блаже Конески“-Велес.

Цели на играта: Препознавање на емоции кај луѓето по изразот на лицето и говорот на телото.

Потребен материјал:Карти со емоции;

Како се игра:

1.Секој  ученик  влече карта на кое е насликана една емоција  (пр. среќа, радост, тага, страв, љубов). Нивна задача е да ја одглумат емоцијата која што ја извлекле, а другите ученици треба да препознаат преку изразот на лицето и говорот на  телото  да погодат за која емоција станува збор.

2.На учениците им се пушта некоја песна. Во одреден момент песната се запира и на учениците им се кажува некоја емоција (пр. среќа, тага, лутина…). Учениците имаат за задача да ја одглумат истата.

Визуелни поддршки: подоле види слики

Пример:

Забелешки:Во оваа игра со карти нема точни и неточни одговори.Тие се направени за да ги стимулираме децата да ги споделат своите емоции и да препознаат одредена емоција кај други личности.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *